петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах како да сакаше на Рудигер да му каже: Анчелоти ли те испрати да ме повредиш?

Салах како да сакаше на Рудигер да му каже: Анчелоти ли те испрати да ме повредиш?

Една фотографија од финалето на ФА купот, стана хит на социјалните мрежи. Мохамед Салах со тажен поглед гледа кон Антонио Рудигер, како да му се лути за повредата на препоната која ја здоби.

Инаку, Рудигер од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид, па многумина се шегуваат дека Германецот веќе почна да игра за Реал, иако не придонесе директно за повредата на Салах, по која можеби Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите против Кралскиот клуб ќе биде ослабен.