четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2017 година

Салах прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2017 година

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2017 година, според Африканската фудбалска конфедерација.

Ова за Салах е второ признание за успешната 2017 година, откако беше прогласен и за најдобар африкански фудбалер во изборот на Би-Би-Си. Изборот се одржа синоќа во главниот град на Гана, Акра.

Во најтесниот круг играчи се најдоа ланскиот освојувач на ова признание Садио Мане (Сенегал/Ливерпул), Пиер-Емерик Обамејанг (Габон/Борусија Дортмунд) и Салах (Египет/Ливерпул/Рома).

Ова за Салах е прво признание, додека најуспешни се Самуел Ето и Јаја Туре со по четири награди.

– Добивањето на оваа награда значи и остварување на сонот, навистина имав неверојатна 2017 година, изјави Салах.

За најдобра репрезентација е избрана селекцијата на Египет, а најдобар тренер токму селекторот на „фараоните“ Хектор Купер