Фудбалерот на Ливерпул, Moхамед Салах, кој во овие моменти ужива глобална популарност, во неговиот роден Египет има статус на „фудбалско божество“.
А покрај сфингите, пирамидите и графитите со неговиот лик, Салах дозна дека има и сонародник со речиси идентичен физичкиот изглед.
Станува збор за Египќанецот, Ахмед Баха, кој често ја ужива неговата популарност затоа што неверојатно наликува на фудбалерот.
– Мохамед се шокираше кога ме виде и рече дека се чувствува исто како да застанал пред огледало, изјави Баха.
Често оние кои не го познаваат Баха сакаат да се сликаат со него, мислејќи дека станува збор за еден од најдобрите фудбалери во светот.