сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салиба стави потпис на нов договор со лондонски Арсенал

Салиба стави потпис на нов договор со лондонски Арсенал

Вилијам Салиба и официјално стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со Арсенал до 2027 година.

Французинот минатата сезона се етаблираше во еден од најважните играчи во тимот на Артета.

Според многумина, токму неговата повреда поради која ги пропушти последните 12 натпревари од минатата сезона беше една од причините зошто Арсенал ја загуби битката за титулата.

Арсенал долго време преговараше со неговите агенти, па двете страни конечно најдоа заеднички јазик. Салиба доби нов договор до 2027 година и значително зголемување на платата.