Баерн Минхен минатото лето го загуби Давид Алаба како слободен играч, откако му истече договорот тој замина во Реал Мадрид.
Алаба брзо се вклопи во Реал Мадрид и покажа вистинско лидерство на теренот. Тој е еден од најинтелегентните дефанзивци кои може да игра на повеќе позиции на теренот.
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ смета дека направиле погрешни потези додека се обидувале да го задржат Алаба.
„Му понудивме многу пари, од наша гледна точка. Имавме состанок со агентите на Давид и му дадовме ултиматум, им рековме дека Давид мора да донесе одлука до одреден датум“, вели Салихамиџиќ.
„Гледајќи наназад сега, би рекол дека тоа не беше неопходно, не е во ред да му давате временска рамка за одлука на фудбалер со квалитетите на Давид“.
Баерн Минхен оваа сезона го донесе Матијс де Лихт кој треба да биде долгорочна инвестиција за дефанзивата на тимот.