среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Само што дојде, а веќе пет пати во едно интервју Касемиро им се извини на „црвените ѓаволи“

Само што дојде, а веќе пет пати во едно интервју Касемиро им се извини на „црвените ѓаволи“

Касемиро е и официјално фудбалер на Јунајтед и веќе на следниот меч тој ќе им биде на располагање во Премиерлигата.

Касемиро прилично ја изненади фудбалската јавност ова лето кога реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Бразилецот во понеделникот го следеше дербито на Јунајтед со Ливерпул, во кој неговиот нов тим победи со 2:1, а тој е веќе дел од тренинзите и наскоро ќе биде достапен.

Во интервјуто за Манчестер Јунајтед, тој неколкупати се извинуваше до навивачите што не знае доволно англиски, но и тоа дека неговиот едногодишен син знае повеќе од него.

„Мојата сопруга зборува англиски, имам седумгодишна ќерка и едногодишен син, кои зборуваат подобро англиски од мене. Навистина ми е жал заради тоа, им се извинувам на навивачите, но ќе го исправам тоа, веќе земам часови и сакам што побрзо да ја совладам јазичната бариера“.

„Сакам да ја научам овдешната култура и на тој начин да им се заблагодарам на сите овде. Ветувам дека следното интервју ќе ми биде подобро, уште еднаш се извинувам“, порача Касемиро.