среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сампаоли: Разочарани сме од резултатот, но Мундијалот сега почнува

Сампаоли: Разочарани сме од резултатот, но Мундијалот сега почнува

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли логично не беше задоволен по нерешениот резултат 1:1 против Исланд на стартот на Светското првенство во Русија.

„Гаучосите“ дојдоа со големи надежи во Русија, но по настапот против дебитантот на светските првенства, ги разочараа фановите и специјалистите.

– Разочарани сме од резултатот, бидејќи Аргентина излегува во секој натпревар за победа. Противникот беше многу организиран во одбраната, а ние не успеавме да го материјализираме поседот на топката во гол. Но првенството дури сега почнува, треба да си извлечеме лекција и да останеме силни, изјави Чилеанецот по мечот.

Тој потоа го прокоментира промашениот пенал на Меси при резултат 1:1.

– Пеналите се шанса да дадеш гол, која денес не ја искористивме. Не можам да ја оценам веднаш играта на Меси во овој меч. За него можам да кажам дека секогаш сака да победи, прокоментира Сампаоли.