сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Самсоненко го врати Седлоски во Вардар, ќе го менува Дарко Панчев

Самсоненко го врати Седлоски во Вардар, ќе го менува Дарко Панчев

Гоце Седлоски, еден од најуспешните тренери во новата ера на Вардар, се враќа во „црвено-црниот“ колектив и во иднина ќе ја има улогата на спортски директор на најтрофејниот македонски клуб.

Местото на спортски директор беше испразенето веќе подолго време, затоа што Дарко Панчев, кој претходно беше назначен на таа функција, не ја вршеше улогата. Седлоски ќе има за задача повторно да го стабилизира тимот и да го врати на шампионскиот трон.

Гоце Седлоски до скоро ја извршуваше функцијата на тренер на Широки Бријег, но по поразот од Челик си поднесе оставка и реши да се врати во Вардар. Двете страни, односно Седлоски и Самсоненко, веќе имаа контакти подолго време, па соработката е очекувана.

Македонската фудбалска легенда се очекува да му се приклучи на најтрофејниот клуб на подготовките во Словенија.

ИЗВОР: ГОЛ.МК