вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Самуел Умтити од следната сезона во Лил

Самуел Умтити од следната сезона во Лил

Неколку тешки години се зад Самуел Умтити. Малата минутажа, расистичките навреди и заминувањето од Барселона влијаеја на дефанзивецот, но тој со сезоната во Лече повторно го сврте вниманието кон себе.

Токму неговите добри настапи во Серија А му донесоа повик во Лил, кој во саботата го официјализираше како нов играч со договор на две години.

На дресот ќе го носи бројот „14“, а доаѓа како слободен играч по раскинувањето на соработката со шпанскиот тим.

Французинот одигра 25 натпревари за Лече и беше еден од најдобрите во одбраната на тимот кој и покрај сите прогнози го задржа прволигашкиот статус.

Претходно од 2016 до 2022 година играше за Барселона на вкупно 133 натпревари, но од 2018 година беше на втор план.