Поранешниот репрезентативец на Англија, Гери Невил повика на повоздржани коментари за играта и квалитетите на Џејден Саннчо. 20-годишниот играч на Борусија Дортмунд се проценува на над 100 милиони евра и се вели дека е близу до преселба во Манчестер Јунајтед.
Само оваа сезона тој има 17 голови и 19 асистенции на 35 настапи. Сепак, според Невил, тој сè уште е далеку од најголемите.
– Да бидам искрен, мислам дека во моментов малку се претерува со Санчо. Тој е навистина талентиран, но не можеме да започнеме да го ставаме во категорија со sвездите од светска класа кои постојано освојуваат трофеи. Да, имаме исклучителни млади фудбалери во Англија, но има уште млади фудбалери во Бразил, Аргентина, Германија, Белгија. Ние претходно имавме „златна“ генерација во лицето на Бекам, Џерард, Лампард, Руни, итн. Но, Бразилците ги имаа Ривалдо, Роналдињо, Роналдо … Сега Аргентина ги има Лионел Меси, Игуаин, Ди Марија, Игуаин, Агуеро. Санчо сè уште не им е блиску. Едвај кога ќе започне редовно да освојува важни трофеји, тој ќе се смета за еден од најдобрите, смета легендата на Јунајтед.