сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Санчо со генијална прослава на гол ги освои срцата на навивачите на Јунајтед (Видео)

Санчо со генијална прослава на гол ги освои срцата на навивачите на Јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед има предност од 0:2 на гостувањето во Молдавија на полувреме, но од првите 45 минути, за издвојување се два моменти, особено оној првиот.

Кристијано Роналдо конечно постигна гол во новата сезона и погоди од пенал за 0:2, но фановите на Манчестер Јунајтед се посебно воодушевени од Џејдон Санчо, не поради погодокот, туку поради специјалната прослава.

Санчо со одлично движење се ослободи од противникот и погоди со левата нога за 0:1 против Шериф Тираспол, но она што ќе се памети е легендарната прослава.

Откако постигна гол, Санчо се поздрави со соиграчите, но потоа го извади штитникот од едната нога и го покажа на камерата.

Сето ова има уникатна позадина, бидејќи станува збор за штитници кои му го подари еден мал фан на Јунајтед пред неколку дена, а кои сега повторно станаа вирални поради прославата на Џејдон.