Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем.
Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево.
Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот.
Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос.
Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.
Eterno. pic.twitter.com/N912VpCmVK
— Santos FC (@SantosFC) December 29, 2022