петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сантош: Македонија мора да се респектира

Сантош: Македонија мора да се респектира

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош е внимателен во најавите за утрешниот финален бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар против Македонија.

Сантош е пријатно изненаден од резултатите на „црвено-жолтите“ кои во четвртокот во полуфиналето на баражот ја совладаа Италија со 1:0 благодарение на голот на Александар Трајковски во 92 минута.

– Македонците ја изненадија Италија, но тие ги победија и Германците во Дуизбург. Ова е финале, а таквите натпревари секогаш се тешки. Сум бил дел од такви натпревари и знам за што зборувам. Ќе му пристапиме на натпреварот против Македонија со истиот респект што го покажавме кон Турција. Во овие моменти, фудбалот е поинаков и кој може да победи секого. Имињата, бројките и статистиката не се важни – изјави Сантош.