Приказната за Френки де Јонг и неговото заминување или останување во Барселона станува летна фудбалска сапуница која може да добие и судска разврска.
Англискиот „Атлетик“ во својата анализа за случувањата во Барселона пишува дека челниците на каталонскиот тим минатиот месец му соопштиле на Де Јонг и на неговиот агент дека неговиот трансфер од Ајакс кој го реаллизирало претходното раководство, е сомнителен и му се заканиле со тужба и кривична пријава доколку не се согласи да замине во Манчестер јунајтед или на драстично намалување на платата.
Френки де Јонг во Барселона пристигна од Ајакс во 2019 година во трансфер тежок 75 милиони евра.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, инсистира да го продаде Де Јонг бидејќи клубот се наоѓа во тешка финансиска ситуација, долговите изнесуваат околу 1,3 милијарда евра и не може да ги регистрира новите засилувања, и поради тоа спасот го гледа во продажбата на холандскиот репрезентативец.
Barcelona have told Frenkie de Jong that they want him to revert back to his previous contract because they have evidence of criminality around his renewal by the club’s former board and can threaten legal action, reports @David_Ornstein pic.twitter.com/TnSiSvRva9
— B/R Football (@brfootball) August 8, 2022
Ако сака да остане на „Камп Ноу“, Лапорта бара од Де Јонг да прифати намалување на платата бидејќи моментно е фудбалер со најголеми примања (околу 24 милиони евра бруто).
Но, Холанѓанецот не сака да чуе за заминување се додека Лапорта не му ги исплати парите што му го должи, околу 17 милиони евра.
Сериозен интерес за Де јонг пројавуваат Манчестер јунајтед и Челси кои се подготвени да платат 80 милиони евра отштета, но не можат да го убедат фудбалерот да си замине од Барселона.
Со своето одбивање да си замине, Френки де Јонг и создава огромни главоболки на управата која во преодниот рок потроши 153 милиони евра за купување на Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде, а без отштета ги донесе и Френк Кеси и Андреас Кристенсен, но не може да ги регистрира бидејќи не ги исполнува условите на шпанскиот финансиски фер-плеј.