четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари ако добие отказ од Јувентус се сели во голем ривал

Сари ако добие отказ од Јувентус се сели во голем ривал

Маурицио Сари би можел да добие отказ од Јувентус, доколку тимот не успее да ја освои Лигата на шампиони или барем да стигне до финалето.

По поразот од Лион од 1-0 на првиот осминафинален натпревар, се зголеми притисокот врз италијанскиот тренер. Медиумите веќе почнаа да шпекулираат околу иднината на Сари, а таа не е блескава.

Сепак, Сари нема да остане долго без работа, бидејќи неговата репутација е голема, па италијанските медиуми велат дека тој би можел да биде нов тренер на Милан. Паоло Малдини и Звонимир Бобан го сакаа Сари на клупата на „Сан Сиро“ и минатото лето, но искусниот стратег го одбра Јувентус, по една сезона во Челси.

Оваа опција може да пропадне во вода доколку Малдини и Бобан бидат отпуштени ова лето, за што на големо се шпекулира на Апенините. Финансискиот директор Иван Газидис префери тренерската позиција да му ја довери на Ралф Рангник.