Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман сериозно навлегува во светскиот клупски фудбал. Тој го купи англискиот премиерлигаш Њукасл, во преговори е за да го купи италијанскиот првак Интер, а намерите му се многу поголеми.
Тој планира да се прошири и во Франција и да го купи Олимпик Марсеј, за да влезе во трка за Насер Ал Келаифи. Ова е веста на денот во француските медиуми.
ПСЖ во моментов е неприкосновен во францускиот фудбал, но ако Мохамед бин Салман го купи Олимпик Марсеј тогаш ќе се разгори повторно ривалството што долги години го тресе фудбалот во оваа земја.
Планот на саудискиот инвестициски фонд ПИМ е да купи и тим од Бразил.