недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саудиски Ал Итихад нуди 150 милиони долари за Салах

Саудиски Ал Итихад нуди 150 милиони долари за Салах

Челниците на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад се подготвени да му платат на премиерлигашот Ливерпул 150 милиони евра за услугите на египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, јавија денеска британските медиуми.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но раководството на Ливерпул повеќе пати демантираше дека планира да го продаде египетскиот фудбалер.

Извори блиски до преговорите тврдат дека Ал Итихад е подготвен да му плати на Ливерпул загарантирана сума од 108 милиони евра, а англискиот клуб преку дополнителни бонуси би можел да добие уште 54 милиони евра.

Салах (31) дојде во Ливерпул во 2017 година од Рома и за англискиот клуб досега одигра 307 натпревари на кои постигна 187 голови.