петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутемптон го отпушти тренерот

Саутемптон го отпушти тренерот

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон му врачи денеска отказ на тренерот Ралф Хасенхитл, откако екипата по поразот на домашен терен од Њукасл (1-4) се најде во зоната на испаѓање.

Австрискиот стратег мина речиси четири години на клупата на Саутемптон од негово назначување на должноста во декември 2018 година.

-Хасенхитл даде значителен придонес кон клубот, но веруваме дека сега е време за промена, соопшти Саутемптон.

Во првите 14 кола сезонава во Премиер лигата, Саутемптон освои 12 бодови со само 12 постигнати голови.

Должноста менаџер привремено ќе ја презеде досегашниот прв тренер Рубен Селес.