Селекторот на Англија, Герет Саутгејт проговори за очекувањата од дуелот со Германија во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2020.
– Натпреварот со Германија е одлична можност да се напише историја и да им се даде на луѓето спомени од мечевите меѓу Британците и Германците, што ќе биде нешто поразлично од она за што слушаа последните денови, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на Саутгејт.
Средбата е закажана за утре, 29 јуни, на „Вембли“ во Лондон со почеток во 18 часот.