Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт беше изненаден од очајната Македонија, посочувајќи после победата дека не очекувале ваков слаб отпор и убедлив триумф.
Само половина полувреме Македонија му одолеваше на „Гордиот Албион“ и откако Хери Кејн прв нѐ отвори, сѐ потоа беше послесно, шансите се редеа како на филмска лента, а европските вицепрваци броеа до седум за џиновски триумф како круна на одличниот старт на евроквалификациите и веќе со една нога на Еуро 2024 после четирите победи од осумте кола во овој циклус.
„Да бидам искрен не очекувавме ваква Македонија, која знам дека може добро да одигра, но мислам дека одигра колку што ние и дозволивме. Пресреќен сум после едно вакво издание“, рече Саутгејт.