Фудбалската репрезентација на Англија има голема можност одново да ја израдува нацијата и по пауза од 55 години повторно да се закити со еден трофеј од големите фудбалски натпреварувања.
Селекторот на Англија Герет Саутгејт, на официјалната прес-конференција истакна дека неговите момци се подготвени да победат и да го вратат трофејот дома.
„Ние сме тука за да победиме. Важно е како ја претставивме нацијата и задоволен сум што наследството е тука. Сега сакаме да го донесеме трофејот дома, за сите. За нас е само нормален ден за натпревар. Нашата подготовка, особено за натпреварите од нокаут-фазата е иста. Играчите се подготвени. Тие се свесни што ги чека, но се навикнати да играат на вакви големи натпревари. Сите со нетрпение го очекуваат тоа“, рече Саутгејт.