Англија непоразена директно се пласираше на Светското првенство во Катар. Таму ќе се обидат да ја освојат титулата за која сонуваат од 1966 година кога единствен пат се искачија на врвот како најдобра селекција во светот.
Тренерот на Англија, Герет Саутгејт ги демантираше шпекулациите дека Англија може да го бојкотира СП, откако одекнаа низа на обвиненија дека Катар важи за земја во која често се оспорувани човековите права, како и земја во која доминира корупцијата.
„За нас нема логика, не сум сигурен што би постигнале со тоа. Бојкотот би бил голем чекор назад за Англија, но турнирот секако би се одржал. Најлошото е што тоа што се случи при изградбата на стадионот нема никаква врска со религијата и културата. За жал, ништо не можеме да направиме во врска со тоа“, изјави Саутгејт.