Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, уште од сега размислува за изборот на играчите за Светското првенство 2022 година во Катар.
– Се надевам дека ова е нешто за кое ќе бидам на маки со оглед на големиот број на потенцијални кандидати. Стручниот штаб веќе работи на некои планови за Светскиот куп 2022 година во Катар. Секое утро се будам и размислувам: „Ако утре би морал да го одбирам составот, како тој би изгледал?
Ова е бескрајна потрага по извонредност, со оглед дека никогаш нема да го постигнете тоа, додаде Саутгејт.
Мундијалот во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември 2022 година.