четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сцена од Копа Либертадорес која ретко се гледа: Голман ќе постигнеше луд гол од 80 метри да не беше неговиот себичен соиграч (ВИДЕО)

Сцена од Копа Либертадорес која ретко се гледа: Голман ќе постигнеше луд гол од 80 метри да не беше неговиот себичен соиграч (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случи во Копа Либертадорес, каде напаѓач од тимот на Венецуела го украде голот на својот голман, кој ќе постигнеше гол од 80 метри оддалеченост.

Ова можеше да биде еден од најдобрите голови во јужноамериканскиот фудбал оваа сезона, но напаѓачот на шампионот на Венецуела расипа сè.

Ентони Урибе ја искористи конфузијата кај противничката одбрана и ја „спакува“ топката од гол-линијата во мрежата, а воопшто не мораше да го направи тоа.

Да немаше контакт со топката, погодокот ќе го постигнеше Кристофер Варела, голман на неговиот тим, кој со шутирање од казнениот простор по игра на случајност стана асистент.

Депортиво од Тачира победи на гостувањето во Боливија кај Индепендиенте Петролеро, а овој момент се случи во 44-та минута од натпреварот. Тоа беше водечки гол за гостинската екипа која само неколку секунди подоцна прими гол за изедначување, но во вториот дел на средбата стигна до победа.

Тој триумф би можел да има огромно значење за нивното преоѓање во нокаут фазата на Копа Либертадорес бидејќи сега имаат 4 освоени бодови на половина од групната фаза.

За да заземат една од првите две позиции во групата, напаѓачите ќе мора да постигнуваат голови и во наредните 3 кола, но и подобро да бираат можности за тоа. Овој против Индепендиенте секако ќе беше препознаен без контактот на Урибе, а љубителите на фудбалот од целиот свет ќе видеа нешто што не се случува често – гол на голман од сопствениот казнен простор.