Популарниот Гоче кратко потврди дека вечерва бил заедно со фудбалерите во жолто-црвена опрема на историскиот меч со Исланд (3-1), по кој обезбедивме пласман во баражот.
„Секоја чест, ХЕРОИ!“, пиша Пандев.
Веднаш по завршувањето на средбата со Исланѓаните, на социјалните мрежи почна иницијатива за враќање на Пандев во националниот тим во баражот, особено што во полуфиналната пресметка нема да игра Елиф Елмас поради два жолти картони.