Ќерката на легендарниот Пеле, Флавија ги демантираше пишувањата на медиумите дека нејзиниот татко е префрлен на палијативна нега.
Пеле една недела е во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, каде прима антибиотици за респираторна инфекција.
– Неправедно е луѓето да зборуваат дека Пеле е префрлен на палијативна нега. Тоа е надвор од сите граници. Верувајте ни: тоа не е точно – изјавила за бразилската телевизија „Глобо“ ќерката на Пеле, Флавија.
Пеле минатиот септември беше опериран на тумор на дебелото црево и оттогаш е на хемотерапија. Како што објавија некои медиуми, тој престанал да реагира на терапии и бил префрлен на палијативна нега.
Пеле со бразилската репрезентација освои три светски првенства во 1958, 1962 и 1970 година. За репрезентацијата постигна 77 гола на 92 натпревари.