вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се огласи Пандев по историската победа

Се огласи Пандев по историската победа

Горан Пандев, капитенот на Македонија и стрелец на победничкиот гол, вели дека е пресреќен откако со гол против Грузија ги однесе „црвено-жолтите” до историски настап на Европско првенство.

-Сум играл многу вакви натпревари досега, ама никогаш не сум бил среќен како денес. Мислам дека со моето искуство му помогнав на тимот да ја оствариме историската цел, а тоа е настап на Европското првенство, рече Пандев по победата.