четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се огласи синот на Марадона: Едвај собра сила за изјава, па еве што побара од клубовите во кои играше неговиот татко

Се огласи синот на Марадона: Едвај собра сила за изјава, па еве што побара од клубовите во кои играше неговиот татко

Синот на Марадона, Диего Синагра, едвај собра сила за да даде интервју за „Марка“ по смртта на неговиот славен татко.

-Не можам уште да прифатам дека го нема. Имаше уште многу години пред себе, уште многу години во кои требаше да ужива со семејството. Тоа никогаш нема да го прифатам. Замина многу млад, кажа Синагра.

Синот на Марадона смета дека дресот со број 10 треба да се повлече во сите тимови во кои играше Аргентинецот.

-Сметам дека сите треба да го направат тоа. Па дури и во Барселона. Нема никаква дилема, кажа Марадона.

Фудбалскиот бог во кариерата играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја, Аргентинос јуниорс и Њуелс олд бојс.

Целото интервју на синот на Марадона може да го прочитате ТУКА.