Компанијата Goldin Auctions на аукција ја постави првата легитимација на Лионел меси, од 1995 година во тимот на Њуелс Олд Бојс.
Почетната цена за неа беше 10 илјади долари, но за само два дена порасна на 36 илјади. Со оглед на тоа што аукцијата трае до 23 октомври, се очекува цифрата дополнително да расте, па можеби да достигне и шестцифрена бројка.
Меси играше во Њуелс Олд Бојс до 2000 година кога се пресели во Барселона, а потоа стана најдобар фудбалер на сите времиња.