понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се сокри во противничкиот гол и потоа го шокираше голманот (ВИДЕО)

Се сокри во противничкиот гол и потоа го шокираше голманот (ВИДЕО)

Во англиските ниски лиги и во изминативе неколку дена се одиграа повеќе натпревари, а на дуелот Стивиниџ со Хартерпул, беше постигнат најнеобичниот погодок. Во дуелот од Лига 2 (четврти ранг на натпреварување во Англија) резултатот беше 0:0 кога во 80 минута, домашниот напаѓач Дени Роуз дојде до генијална идеја.

Роуз во еден момент буквално се скри во голмот на гостите и чекаше кикс на противничкиот чувар на мрежата. Голманот на Хартерпул Бен Килип реши да ја пушти топката пред него, но не знаеше дека од зад грб ќе добие непријатно изненадување.

Роуз истрча, ја „украде“ топката и успеа да погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.