Македонскиот првак Шкупи го пречекува Динамо Загреб, а атмосферата во тимот е позитивна пред утрешниот реванш.
Шкупи има одличен резултат откако во Загреб одигра 2:2, но тренерот Седлоски истакна дека Динамо се уште е фаворит за пласман во следното коло.
„Динамо е под притисок, тие се фаворити, а ние не смее да се залетуваме многу иако имаме добар резултат од првата средба. Јас не знам дали не потценија или не, но како и да е, причината нека си ја бараат кај нив. Ние се покажавме на теренот. Нема да се браниме, ќе ја играме нашата игра и се надеваме на поволен резултат. Максимално сме мотивирани, сакаме нов добар резултат. На Динамо и Чачиќ им посакувам многу среќа, ама само не на утрешниот меч“, изјави Седлоски на пресконференцијата.
„Не можам да знам дали Динамо ќе одигра подобро во Скопје, одошто во Загреб. Секако дека го анализирале првиот меч. Но, го анализиравме и ние. Сигурно дека нашите грешки од првиот меч треба да ги отстраниме. Затоа се е отворено. Сепак, не е лесно како гостин да му дадеш на Динамо два гола. Повторувам тие се уште се фаворити“, додаде Седлоски.
Фото: ФК Шкупи