понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи

Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи

Актуелниот македонски шампион Шкупи ќе добие нов тренер во наредниов период и тоа откако реши да се раздели со досегашниот стартег Гоце Седлоски.

Седлоски ја врати титулата во Чаир по две децениии, но оваа сезона беше многу турбулентна за него и клубот, еднаш заработи отказ, па по некое време се врати на функцијата за да сега скопскиот состав соопшти дека е донесена одлука за заминување на поранешниот македонски репрезентативец.

Шкупи се уште е во игра за да го одбрани пехарот во ПМФЛ, има четири бода помалку од лидерот Струга Трим Лум, па останува да видиме кој ќе седне на жешкото столче.