четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Седлоски: Заслужено победивме

Седлоски: Заслужено победивме

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, рече дека неговиот тим заслужено победи на првиот квалификациски натпревар во Конференциската лига против косовскиот претставник Лапи.

– Пред натпреварот имав кажано дека нè чека тешка конфронтација против Лапи. Морам да им честитам на моите фудбалери, им честитам и на гостинските играчи за коректната игра. Мислам дека го добивме овој натпревар со заслуга, иако реков, дека ова е само првиот дел. Имаме уште еден натпревар зад нас и мора да останеме на земја. На реваншот не очекува уште потежок дуел, но мислам дека имаме доволно време да се подготвиме добро, изјави Седлоски на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар.

Реваншот се игра на 15 јули во Приштина.