петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сејдини до репрезентативците: Jа вративте надежта и радоста во секое наше семејство

Сејдини до репрезентативците: Jа вративте надежта и радоста во секое наше семејство

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини упати честитка до македонската А репрезентација за пласманот во финалето од Лига на Нации и македонската репрезентација до 21 година за извонредниот настап во квалификациите за Европското првенство.

-Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство.

Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација.

Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство.

Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.

Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“.

Напред Македонија! – стои во честитката на Сејдини.

Македонската А репрезентација синоќа избори бараж за пласман на ЕП, а младата (до 21 година) ги зголеми шансите за второто место во квалификациската група за евро-шампионатот.