Пред два дена Агенција за Млади и Спорт изнесе информација дека при инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија утврдени се низа неправилности во работењето кои се спротивни на Законот за спорт.
Агенцијата за млади и спорт постапуваќи согласно своите надлежности и овластувања ја информира јавноста за следното:
„Како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот во Република Северна Македонија при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија (решение ИП1 бр.14-182/2 од 21.01.2019 година) утврдени се низа неправилности спротивно на Законот за спорт
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14,177/14, 72/15, 153/5, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16, 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 98/19 и 244/19), пред се непочитување на Член 14-а, став 1, Член 82, Член 11, став 1 и став 9, Член 14 став 4 и став 5 и позитивното право во државата и истите беа доставени за отстранување до Федерацијата. Решението беше обжалено од страна на Фудбалска федерација и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно. и против него не е дозволена жалба, изјавија од АМС.
Веднаш потоа од ФФМ на прес конференција одговорија на АМС на соопштението во кое се тврди дека федерацијата работи спротивно на Законот за спорт што е утврдено со инспекцискиот надзор.
Имено, според претседаттелот Муамед Сејдини, ФФМ нема право на жалба на решението на второстепената комисија но има право на тужба која согласност законите е поднесена и е поведен управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен.
Претседателот на ФФМ Сејдини исто така на прес-конференцијата го прозва и првиот човек на АМС, Наумче Мојсоски, презентирајќи ја и пресудата во форма на документ.
„Со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат.
За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара.
Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.
Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“- изјави Сејдини меѓу другото и најави дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство.
-За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме, рече на крајот Сејдини.