2020 година сигурно дека сите ние сакаме да ја заборавиме што побргу поради пандемијата на Коронавирусот, но и ќе ја запаметиме во нашиот спорт како година која ќе биде запишана со златни букви во македонската фудбалска историја кога нашиот најдобар национален фудбалски тим се пласира на Европско Првенство. Фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев им донесоа огромна радост на љубителите на фудбалот кај нас и направија да бидеме дел од едно големо натпреварување како што е самитот на најдобрите 24 фудбалски репрезентации во Европа.
За самот пласман и ЕП, инфраструктурата, регионалналната фудбалска лига, ВАР технологијата Курир разговараше со првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија господин Муамед Сејдини, интервју кое може да го прочитате во продолжение од текстот.
Господие Сејдини вашите импресии од историскиот пласман на ЕП, емоциите после победата над Грузија во финалето на Лигата на Нации?
-Емоциите се уште не стивнуваат и постојат кај спортските работници кои се дел од фудбалската федерација и сите сме во исчекување заедно со фудбалерите навивачите и кои се дел од оваа држава на стартот на ЕП и првиот меч на 13 – ти јуни во Букурешт. Моменти чувства кои не се забораваат. Не знаеш што да правиш во моментот. Едните со солзи радосници , другите слават. Немаше публика на стадионот и можевме величествениот коментар на Тони Стојановски да го слушнеме за мечот, за репрезентацијата и за нашата држава. Немам зборови навистина да го опишам тој момент, кој треба само да се доживее.
Има најави дека до март УЕФА треба да донесе конечна одлука околу тоа дали ќе се игра со публика или не. Верувате ли дека и навивачите ќе бидат на трибините за време на Европското првенство?
-Ние сме во постојан контакт со првите луѓе на УЕФА поточно со првиот човек Александар Чеферин. Европската куќа на фудбалот ја нема донесено се уште одлуката дали ќе има полн капацитет на стадионите или 30 проценти. Сите се надеваме дека ќе играме пред полни трибини што ќе биде мотив плус за сите нас , особено за фудбалерите кои се директни актери на секој натпревар.
Ние на ЕП се најдовмe во групата со Австрија,Украина и Холандија. Какви се нашите реални шанси според Вас на шампионатот во една ваква група ?
-Македонија на оваа европско првенство мислам дека пријатно ќе изненади .Имаме капацитет, имаме фудбалери кои знаат што сакаат со карактер, искуство што го добија во двата предходни квалификациски циклуси. Играме против една силна Австрија Украина и велесила Холандија. Верувам во нив, не само јас туку и целокупната спортска јавност во нашата држава.
Дали пред почетокот на шампионатот е во план да се одигра пријателска средба со некоја репрезентација како генерална проба пред ЕП ?
-Имавме состанок со селекторот разговаравме со него и според планот би требало да одиграме една пријателска средба без да ги сметаме натпреварите од редовните квалификации за СП во Катар кои ќе стартуваат во март. Одврзани му се рацете на Игор Ангеловски да одбере противник и со кого сака да игра. За брзо време ќе се знае која селекција ќе биде генерална проба пред шампионатот и заминување на првенството. Јавноста правовремено ќе биде известена и за тој дел од подготовките на сениорската репрезентација.
Како Федерација како се справувате за време на пандемијата и периодот кој трае веќе цела една година ?
-Пандемијата направи големи проблеми не само кај нас,туку и во целиот свет. Добро се справивме во изминатиот период. Со министерството за здравство заедно ги подготвувавме протоколите кои ги испочитувавме. Работиме според нив во Првата и Втората лига, младинските категории и во фудбалската Академија. Се е усогласено за да работите одат непречено и да се одвиваат според планот.
Околу активностите за подобрување на фудбалската инфраструктура на стадионите преку „Хет Трик“ програмите на УЕФА, што е засега реализирано, што е во тек и кои се плановите во наредниот период?
-Имаме низа на проекти кои ги започнавме на почетокот на 2020 година. Некои од нив се завршени,некои се во завршна фаза, а некои штотуку ги започнавме. Бројка од 10 до12 проекти кои ќе ги наречам поголеми каде сумата достигнува од 300.000 евра до 1 500 000 милиони евра. Имаме и 12 помали проекти по реони каде нивата сума изнесува од 20.000 евра до 50.000 евра ,Многу сме подобрени во инфраструктурата и максимално ги користиме наменските средства кои пристигнуваат од Хет-Трик програмата. Да напоменам ФФМ во 2019 и 2020 година има одвоено и буџет од редовната сметка т.е. заштедени пари кои ги користиме за овие потреби затоа што сме воделе ред за секое евро се со цел да направиме нешто за нашите клубови и да ја подобриме инфраструктурата на фудбалските терени. Трибината на стадинот во Чаир веќе е завршена, а системот за наводнување и тревникот веќе се поставени. Во Охрид сме во завршна фаза на стадионот “Биљанини Извори “ и трибинната што се гради. Имаме две трибини во Кавадарци каде сеуште се работи и некаде во период од два до три месеци ќе го завршиме и тој проект. Во Штип ќе треба да започне за брзо време изградбата на планираната модерна трибина од 2.400 места, со подтрибински простор, ВИП ложа, стадион кој се подготвува да може да се играат и меѓународни натпревари.,Системи за наводнување и соблекувални имаме поставено на стадионот во Ѓорче Петров, и Гостовар. Во Џепчиште од кај потекнува тимот на Ренова изградивме стадион заедно со систем за наводнување и дренажа. Имаме и низа прокети кои се помали каде што имаме изградено соблекувални, огради , тревници се во интерес на фудбалот. Ние како федерација не треба да застанеме тука, туку секогаш треба да се грижиме за подобри услови да имаат сите во фудбалот. Во целиот процес треба да се вклучат што повеќе локалните власти и државата каде сите заедно треба да се грижиме за иднината и генерациите кои доаѓаат.
Љубителите на фудбалот посакуваат регионална лига ,како што е во кошарката АБА и во ракометот СЕХА лигата. Какви се шансите да се реализира еден ваков проект и има ли идеја ?
-Постои таква идеја за регионална фудбалска лига.Во комуникација со претседателот на УЕФА Александар Чеферин и членот на извршниот комитет Давор Шукер и сите претседатели на Балканските фудбалски сојузи разговараме секогаш на таа тема,но во едно сите сме согласни дека засега нема безбедносни услови за организирање на вакво натпреварување слична на кошаркарската АБА лига или СЕХА ракометната лига.
Дали би можеле да очекуваме имплементирање на ВАР системот и во нашата земја?
-Тоа е поголем проект за нас како фудбалска федерација сме за воведување на технологијата во фудбалот. Прво сакаме да ја подобриме инфраструктурата, па во иднина може да размислуваме да поставиме ВАР систем на фудбалските терени кај нас. Прво треба да има услови за такво нешто. Тоа е од голема корист за ФФМ .затоа што понатаму нема да има гласини за нерегуларности на средбите. Ако некој навистина сака да се воведе техмологија во фудбалот,тоа сум јас како претседател на ФФМ и Управниот Одбор на Федерацијата
Со селекторот на националниот тим Игор Ангеловски го продолживте договорот.
Да така е. Селекторот веќе е завршена работа уште од почетокот на јануари. Седнавме на маса ги усогласивме условите и од двете страни и соработката со Игор Ангеловски е продолжена со што искусниот стратег ќе го води навионалниот тим на ЕП оваа година.
Пред ЕП , стартуваат и квалификациите за фудбалскиот Мундијал во Катар. Ваше видување за групата каде се наоѓа нашиот национален тим.
-Во групата за СП во Катар 2022 година реално може со секого да се надигруваме,.Имаме една велесила како Германија , но со Романија , Исланд и Ерменија може рамноправно да се носиме,а тоа го покажаа и предходните квалификациски циклуси каде се надигрувавме со секого. Во ритам сме и пак ќе потенцирам дека верувам во репрезентацијата и фудбалерите кои се предводени од капитенот Горан Пандев.
Во врска со спорот со АМС, Ваш коментар за настанатата ситуација.
-Ние сме отворени како федерација за соработка со сите .Ќе дојде денот кога ќе седнеме на маса за да ги усогласиме ставовите .Во моментот ние како Федерација имаме препораки од ФИФА и УЕФА каде потенцираат дека нема што да се менува во Статутот додека има изборен процес . Тоа е исто како во една држава за време на изборите да се менува Законот за Избори. Нема логика. После изборите ние како Федерација имаме одлука на Управиот Одбор каде ќе составиме работна група која ќе биде составена од правници на Фудбалската Федерација , од АМС, ФИФА, УЕФА и МОК каде ќе може да се усогласат сите ставови или пак делови на кои алудираат од Агенцијата за Млади и Спорт. За изборите веќе ОФС Кичево ме подржа како кандидат за претседател на ФФМ и засега сум единствениот предложен кандидат пред изборите за прв човек на Федерацијата. Сите ги знаат критериумите за избор на претседател на ФФМ и јас како Муамед Сејдини ги охрабрувам сите фудбалски работници кои мислат дека можат да ја извршуваат оваа функција да се кандидираат на претстојните избори, – заврши во своето излагање првиот човек на Федерацијата, Муамед Сејдини.