недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Селекторот Милевски и капитенот Ристовски гласаа за Меси и Скалони

Селекторот Милевски и капитенот Ристовски гласаа за Меси и Скалони

Македонскиот селектор Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски гласаа за победниците на наградите на ФИФА, Лео Меси беше прогласен за најдобар фудбалер, а Лионел Скалони за најдобар тренер.

Милевски најмногу гласови му даде на Меси, втор на листата му беше Бензема, а трет Мбапе. Во графата за тренери прв го стави Скаолни, а потоа Дешам, па Анчелоти.

За Ристовски исто така Меси беше најдобар, втор Лука Модриќ, а трет Хулиан Алварез. Лионел Скалони беше прв, па Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола.