Италијанскиот стратег на клупата на фудбалската репрезентација на Малта, Девис Манџа, е суспендиран од селекторската должност поради недолично сексуално однесување кон еден од репрезентативците.
Фудбалската Федерација на Малта во неделата добила информација за неговото недолично однесување, а локалните медиуми објавија дека обвинување за недолично однесување кон фудбалер имало и додека Манџа бил тренер романскиот клуб Универзитатеаод 2017 до 2019 година.
Манџа седна на селекторската клупа на Малта на крајот на 2019 година, а претходно ги водеше Асколи, Бари, Специја, Палермо, како и младата италијанска репрезентација.
Италијанецот има важечки договор со Фудбалската федерација на Малта до 31. Декември идната година.