понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Селекторот на Шпанија: Русија има шанса да ја освои светската титула

Селекторот на Шпанија: Русија има шанса да ја освои светската титула

Русија ќе организира исклучително Светско првенство во фудбал. Ова го изјави шпанскиот тренер Хулен Лопетеги, кој се состана со претставници на светските новински агенции пред Мундијалот.

– Не се сомневам дека сè ќе биде на високо ниво. Имавме можност да играме со Русија пријателски натпревар во ноември во Санкт Петербург и го видовме стадионот. Мислам дека Русија ќе организира исклучително светско првенство, рече Лопетеги.

Тој додаде дека тимот е задоволен од изборот на Краснодар за база на тимот за време на завршницата на Светското првенство.

Шпанија ќе игра во групата Б заедно со Португалија, Иран и Мароко.

– На светско првенство ќе играме против најдобрите, сите натпревари ќе бидат тешки. Ќе се обидеме да се подготвиме и да ги освоиме сите натпревари. Излегуваме против актуелниот шампион на Европа, како и против најдобрите тимови на Азија и Африка. Во тимот има многу добри играчи, и ние разбираме дека единственото нешто што може да ни помогне да победиме, е тимски дух, рече шпанскиот тренер.

Според Лопетеги, домаќините имаат шанса да ја освојат титулата.

– Русија е домаќин на шампионатот, ќе биде добро подготвена и има одлични играчи, а можам да набројам многу имиња – Смолов, Головин, Миранчук, рече селекторот.

Лопетеги додаде дека неговите играчи треба да бидат подготвени за психолошкото влијание на честите стопирања на играта за време на Светското првенство поради технологијата за видео повторување (ВАР).

Повеќето фудбалери од шпанската репрезентација играат во Ла Лига, каде што системот не е воведен и затоа нема да имаат искуство со честите прекини.

МИА