вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Селтик ги суспендираше сезонските билети на навивачка група која ја поддржуваше Палестина

Селтик ги суспендираше сезонските билети на навивачка група која ја поддржуваше Палестина

Претставниците на навивачката група на шкотскиот фудбалски клуб Селтик, „Зелената бригада“ истакнаа транспаренти на „Селтик парк“ со пораки „Слобода за Палестина“ и „Победа за отпорот“. Тие донесоа и палестински знамиња на натпреварот со Атлетико Мадрид (2:2) во Лигата на шампионите.

Според „The ​​Telegraph“, околу 200 членови на навивачката група биле известени дека нивните сезонски билети повеќе не важат.

„Зелената бригада“ најави дека нема да биде на вечерашниот натпревар на Селтик со Сент Мирен (20:45 часот).

Челниците на клубот најави разговори со навивачи за да се решат недоразбирањата.

Во писмото од клубот се вели дека е преземена силна акција по „повторените инциденти со неприфатливо однесување“. Нагласено е дека „ќе биде суспендиран и пристапот до билети за гостински натпревари за навивачите регистрирани како дел од групата“.