Во еден од последните свои јавни настапи, Сер Алекс Фергусон изјави дека имал голем страв дека нема никогаш повеќе да прозбори.
Најдобриот тренер на сите времиња и стратег на Манчестер Јунајтед, имаше пред неколку месеци операција на мозокот, по која не зборувал 10 дена.
„Едноставно не можев да изговорам ниту еден збор, беше ужасно, страшно ужасно. Се ми помина низ главата, дали меморијата ќе ми се врати? Дали ќе можам повторно да зборувам? Но дојде доктор кој ми даде терапија, почна да работи со мене и ми рече, ме прашуваше за моето семејство, за имињата на моите фудбалери, за тимовите против кои се соочував во минатото, потоа продолжи со прашања за животни, птици, риби. Јас плачев тие моменти, се почувствував немоќно пред него. Многу ќе бев бесен, па и ќе се мразев себеси доколку меморијата не ми се вратеше, тоа ќе беше ужасно нешто за моето семејство. По 10 дена, мојот глас се врати, тогаш сфатив дека минав низ сите мисли и меморијата почна фантастично да ми функционира“, емотивно раскажува Алекс Фергусон.
Сето ова, Фергусон го раскажа во најновиот документарец „Never Give Up“, моменти кои го доведоа до солзи стариот шкотски лисец.