Интер Мајами започна преговори со Серхио Рамос за трансфер во овој клуб. Според каталонскиот „Спорт“, Интер Мајами по потврдата на трансферот на Меси и на неговиот поранешен соиграч од Барселона, Серхио Бускетс, сака да донесе уште двајца шпански ветерани и тоа Серхио Рамос и Жорди Алба.
Тие додаваат дека 37-годишниот Рамос сакал да остане во Париз, но ПСЖ не му понудиле нов договор. Тој беше поврзуван и со враќање во неговиот стр клуб Севилја, кои пак, се во финансиска криза и не можат да ја приуштат неговат висока плата.