Се е завршено околу трансферот на Серхио Агуеро од Манчестер Сити во Барселона.
33-годишниот Агуеро, по десет години ги напушта „граѓаните“, а во Барселона прифатил да игра за многу помала плата од онаа која ја добиваше во Манчестер.
Барселона со ангажманот на Агуеро се обидува и да го убеди Меси околу потпис на нов договор, ако се знае дека и двајцата се одлични пријатели. Агуеро се враќа во Ла Лига каде во периодот од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Атлетико Мадрид, каде постигна 101 гол во 234 натпревари.