среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос се огласи откако Луис Енрике го изостави од списокот на фудбалери за ЕП

Серхио Рамос се огласи откако Луис Енрике го изостави од списокот на фудбалери за ЕП

Серхио Рамос нема да настапи на ЕВРО 2020, дефанзивецот не се најде на списокот кој денеска го објави Луис Енрике.

„По неколку тешки месеци и сезона каква што немам искусено во мојата кариера, доаѓа ЕВРО 2020“ – гласеше пораката на фудбалерот на Реал Мадрид на социјалните мрежи.

„Се борев и напорно работев секој ден за да бидам 100% фит за Реал Мадрид и националниот тим, но работите не секогаш се одиваат онака како што сакате“.

„Ме боли што не можев да му помогнам на мојот тим и што нема да можам да и помогнам на Шпанија, но најдобро во овој момент е да одмарам, целосно да се опоравам и да се вратам посилен следната сезона. Ме боли тоа што нема да можам да ги бранам боите на мојата земја, но морам да бидам реален и искрен“.

„Им посакувам на соиграчите од репрезентацијата се најдобро и се надевам дека ќе имаме добар настап на Европското првенство. Ќе бидам само уште еден навивач кој ќе ве бодри од дома“.