Динамо од Загреб во своите раце има нов бисер во името на Мислав Оршиќ од кој веројатно добро ќе ја наполни касата.
Хрватите одлично знаат да работат на трансфер пазарот, а медиумите веќе го поврзуваат Оршиќ со трансфер во Италија. Во сезоната 2013/2014 овој фудбалер го носеше дресот на Специја која во тоа време беше дел од Серија Б и успеа да собере само 11 настапи.
Агентот на Оршиќ Бранко Хучика за „Калчомеркато“.
„Постојат контакти и некои почетни преговори со клубови од Италија. Оршиќ тогаш беше млад и не го знаеше јазикот, требаше да учи за да ја разбере тактиката на неговиот тим и јазикот беше проблем. Во овој момент сум во контакт со неколку италијански клубови. Сега тој има 28 години и не би кажал не на враќање во Италија“, изјави Хучика.