Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари е во центарот на вниманието на шпанските медиуми.
Причината за тоа не се само натпреварувачите на Кралскиот клуб, туку и неговата сестра, Лиз, која редовно ги краси аргентинските насловни страници.
30-годишната Лиз е актерка и модел, а може да се каже дека е и писателка, бидејќи се потпишува на книгата за самопомош.
View this post on Instagram
Лиз е обожавателка на страстен секс, кој во еден момент ѝ „преседнал“.
Во 2010-та година, нејзиниот тогашен партнер, Леонардо Верхаген, не можел да издржи една од „акциите“. Едноставно починал.
„Дојдовме дома, отворивме флаша вино, пуштивме некоја музика, се качивме на вториот кат и водевме љубов. Веднаш откако завршивме, почна да се грчи и падна на подот. Беше очајно да гледам како ми умира во раце“, рекла таа за аргентинските медиуми своевремено.
Освен тоа, „Daily Star“ додава дека Лиз е всушност манекенка и актерка, која кариерата ја започнала позирајќи во долна облека за некои од најпознатите светски брендови.