сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Севиља го совлада Бетис во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Ла Лига

Севиља го совлада Бетис во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Ла Лига

Фудбалерите на Севиља славеа победа со 2:0 против тимот на Бетис синоќа на својот терен во натпревар од 28-то коло од шампионатот на Шпанија.

Првото полувреме мина без голови, а по паузата, најпрво од пенал Лукас Окампос го отвори резултатот, а неколку минути подоцна, Фернандо Ригес ја удвои предноста на домаќините.

Ова беше прв натпревар во Ла Лига по продолжението на сезоната, прекинат поради коронавирус. Средбата која воедно е и градско дерби се одигра без публика.

Вечер играат: Гранада – Хетафе и Валенсија – Леванте.