петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шах-мат на Пеп до конкуренцијата: Доаѓаат две засилувања од 200 милиони евра

Шах-мат на Пеп до конкуренцијата: Доаѓаат две засилувања од 200 милиони евра

Манчестер Сити планира да донесе две големи засилувања пред почетокот на новата сезона.

Актуелниот шампион во Премиерлигата дополнително ќе го засили тимот, со кој планира да биде уште понедопирлив за конкуренцијата.

Со оглед на застрашувачките засилувања кои ги презентираше ПСЖ, на „Етихад“ очигледно сфатија дека и на нив им е потребна свежа крв во тимот.

Пеп Гвардиола одредил две имиња на фудбалери кои би биле нови засилувања на тимот, станува збор за Хари Кејн од Тотенхем и Џек Грилиш од Астон Вила.

Според пишувањата на сите британски таблоиди, Сити за овие двајца се подготвени да исплатат 200 милиони евра.

Халанд бил првиот избор на „граѓаните“, но тој избор е нешто прескап за Сити (175 милиони евра) па се фокусирале на поевтината варијанта, Хари Кејн (100 милиони евра).

Што се однесува до Грилиш, Астон Вила тешко ќе го задржи, посебно ако се оствари највата дека Пеп најавил понуда до тимот од Бирмингем во висина од 70 милиони евра.