среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шампионот Љуботен се засили со две бразилски фудбалерки

Шампионот Љуботен се засили со две бразилски фудбалерки

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Љуботен ги засили своите редови пред стартот на новата сезона во домашното првенство и настапите во квалификациите во Лигата на шампиони со бразилските фудбалерки Мајса Бенедито и Чеуру Гоја.

Дефанзивката Бенедито и голгетерката Гоја во Љуботен ќе и се приклучат на сонародничката Едите Пресилиа, која изминатата сезона постигна 32 голови во дресот на шампионот од Тетово.

Паралелно со ова, Љуботен денеска најави нови засилувања во своите редови пред настапот во Лигата на шампиони и дуелот против австрискиот првак Сент Полтен од првото квалификациско коло, што на 18 август ќе се игра во Скопје.