Шест екипи од германската Бундеслига покажаа завидна ефикасност оваа седмица на евро-сцената. Постигнаа вкупно 26 гола, за првпат по 2014 година.
Во третото коло од групната фаза во Лигата на Европа, вчеравечер Хофенхајм го совлада Слован Либерец со 5:0, додека Баер Леверкузен го победи Хапоел Бир-Шиев со 4:2.
Претходно во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Баерн ги победи Салцбург со 6:2, Борусија од Менхенгладбах го совлада Шахтјор со 6:0, Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 3:0, додека Лајпциг беше поуспешен од Пари Сен-Жермен со 2:1.